Slagana Stamenkova 200x250Дипломиран биолог, магистер по менаџмент во образованието и претседател на Здружението на граѓани за заштита на животната средина „ЕКОЗВОН“Автор е на Еко-речник објавен во 2012 година во соработка со Пакомак. Исто така, е автор и рецезент на повеќе учебници по биологија за основно образование како и обучувач по ПЕП програмата.

Aleksandar Stojanovski 200x250Претседател на Истражувачко здружение на студенти географи ,,Природник".

ajovanovski200x250Основач и извршен директор на младинската еколошка граѓанска организација „Гоу Грин“. Автор е на неколку публикации на теми поврзани со климатски промени, управување со отпад, зелени работни места, образование за одржлив развој, млади и младински активизам. Во 2015-та година работи во Европскиот Парламент во Брисел, како асистент на кампањата за климатски промени за Парискиот договор, и извештајот за зелени работни места на Европската Унија. По вокација е дипломиран економист на Економскиот Факултет во Скопје, смер Маркетинг, и моментално ја пишува својата магистерска теза на на тема „Зелени работни места во Република Македонија“ при Институтот за Бизнис Економија во Скопје.