Зелените површини низ поголемите градови во Македонија постојано се намалуваат. Во октомври ги прашавме граѓаните колку се задоволни со урбаното зеленило во нивните градски средини. Дознавме дека речиси 90% од испитаниците не се задоволни со зеленилото во нивната средина, a само 7% се задоволни, додека 3% се изјасниле дека немаат став за темата.

Во рамки на #Дома беше изготвен и документарениот филм „Урбано зеленило: Фактор за квалитетен живот“.