Високо  на Јакупица, низ густата букова шума, со брзаци се провива Кадина Река, сината вена на Јакупица.

Кадина Река се наоѓа меѓу планините Китка и Голешница, јужно од Скопје. Извира под врвот Убава во месноста Јуручка Карпа, на источната страна на масивот на Мокра Планина на 1900 м н.в,  а во Вардар се влива во Таорската Клисура на 212 м.н.в. Таа е десна притока на Вардар долга 34 км со вкупна сливна површина од 184 км2. Високо во изворишинот дел каде што се спојуваат четирите бујни, брзи и бистри речни потоци Јуручица, Алиагица, Салаковска Река и самиот истек од изворот на Кадина Река, таа го добива својот главен тек кој во целост е со изразит планински карактер. Кадина Река припаѓа на реките од Скопската Котлина заедно со Вардар,Треска, Пчиња, Маркова Река и Лепенец.

На Мокра Планина за време на најсилното заглечерување биле формирани повеќе циркно-долински глечери и тоа во изворишниот дел на Кадина Река. Глечерот во долината на Кадина Река почнувал од циркот под врвот Убава (2295 m) и се спуштал до селото Палиград, односно бил долг 16,5 km. Него го сочинувале повеќе помали глечери меѓу кои и Салаковскиот глечер.

Кадина Река со своето течение и потекло има и големо хидрогеолошко значење и се наоѓа на Листата на издвоени локалитети на значајно геонаследство од сферата на хидрологија кои треба да се земат во предвид при изработка на новиот Просторен План на Република Македонија.

  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-1
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-10
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-2
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-3
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-4
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-5
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-6
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-7
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-8
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-9
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-1
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-10
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-2
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-3
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-4
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-5
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-6
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-7
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-8
  • Nasite-reki-Kadina-Reka-sinata-vena-na-Jakupica-9

Во Планот за развој на транзитниот и алтернативниот туризам во Вардарскиот плански регион како и во планот за заштита на природата на Вардарскиот плански регион се спомнува можноста за заштита на високите подрачја на планинскиот масив Јакупица особено изворишните делови на Кадина Река. До сега оваа идеја нема добиено поголем развој.

Според Стратешкиот план на Град Скопје зелениот појас кој ја следи Кадина Река во својот долен тек е од голем придонес за квалитетот на животната средина во Скопје и тој треба дополнително да се развива и штити.

До сега на Кадина Река се вршени неколку истражување околу нејзината биолошка, хемиска и еколошка состојба. Градот Скопје пред неколку години поради водените потенцијали на реката имал план да се постави и мониторинг станица на реката. Но тој план се уште не спроведен. Оваа река поради количеството на вода има добар водоснабдителен капацитет, а изградба на вештачко езеро на Кадина Река, со намена за наводнување и водоснабдување на Скопското поле, е предвидена и во Просторниот план на Република Македонија за периодот 2002-2020.

Најголемата опасност со која се соочува оваа река се инфраструктурните и развојни проекти. Денес на Кадина Река постои и мала хидроцентрала, а постојат планови и за уште неколку. Со пробивањето на нови шумски патишта евидентно е уништување на бреговата линија и појава на ерозија.

Кадина Река со својот воден капацитет, геолошки вредности и пејсаж преставува скриено богатство на Скопската Котлина што треба да го заштитиме, пред засекогаш да ги изгубиме.

Користена литература:

https://skopje.gov.mk/media/1305/strateski-plan-na-grad-skopje-za-period-2016-2018.pdf

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/12/%D0%9D%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-2017-2027.pdf

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf

http://idsbiolozi.com/2017/04/%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B8/

https://www.erc.org.mk/odluki/13.%20EE-O-2013.05.08%20-%20PRIVREMENO%20RESENIE%20ZA%20MHE%20KADINA%20REKA%20158%20-%20ITALIAN.pdf