По течението на малата Морошка Река, во античкото село Мородвис, се наоѓаат група на стари, вековни платанови стебла – природна реткост и пример за тоа како правилно се уредува и заштитува природното наследство.

Селото Мородвис се наоѓа во источниот дел на Македонија, на 10 километри јужно од Кочани, сместено во Кочанската Котлина, поточно во подножјето на Плачковица. Почнувајќи од атарот на селото, па се до неговиот центар се наоѓа мало заштитено подрачје,  група на платанови стебла (Platanus orientalis). Станува збор за група од седум стебла од кои пет стебла се во непосредна близина на Морошка Река, а две во непосредна близина на селското  училиштето. Оваа група на стебла е една од позачуваните од овој вид во североисточниот дел на Македонија, која зафаќа површина од 0,5 ha. Платановите стебла имаат различна возрасна структура. Висината на оваа група на стебла се движи од 14 до 18 m. Дебелината на стеблата на градна висина се движи од 3,4 до 6,7 m.  Едно од стеблата од оваа група е со видни физички и физиолошки нарушувања, додека другите се одликуваат со прилично добра здравствена состојба со поединечни оштетувања од штетници и трулеж

  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-1
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-2
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-3
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-4
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-5
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-6
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-1
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-2
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-3
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-4
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-5
  • Platanovite-stebla-vo-Morodvis-primer-za-malo-zastiteno-podracje-6

Со одлука на општинското собрание на Кочани, во 1984 г. овој локалитет е прогласен за заштитено подрачје од категоријата Споменик на природата. При дополнителни истражувања во 2015 г. се донело препорака овој локалитет да се заштити како природна реткост, по што во 2016 г. Министерство за животна средина и просторно планирање донесе решение со кое овие стебла ги прогласи за природна реткост. Со тоа тие се првите стебла репрогласени како реткост во Македонија согласно Законот за заштита на природата.

Денес, стеблата се уредно заштитени со околни потпорни ѕидови, низ селото е поставена и уредена патека на која се постевени повеќе различни едукативни табли преку кои се учи за стеблата, нивната старост и значење. Преку патеката исто така посетителите се запознаваат и со историјата и традицијата на селото. Вака уреденото подрачје, со сите свои атрибути дава пример за тоа како може и како треба да се управува со малите заштитени подрачја.

Литература:

http://www.ceprosard.org.mk/IPARD/PDF/GI/9.Lista_na_Prirodni_zastiteni_zoni.pdf

http://www.ceprosard.org.mk/Ipard/PDF/302/Prilog_7_Lista_na_Prirodni_zastiteni_zoni_i_pregled_na_postojnite_akti_so_koi_se_ureduvaat_zastitenite_oblasti_i_predmeti.pdf

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/12/%D0%9D%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-2017-2027.pdf