Кратово не е богато само со историски туку и со природни реткости. Во срцето на средновековниот град, познат по мостовите и кулите се крие и локалитетот Карши Бавчи, заштитено природно подрачје што ја раскажува приказната за врската помеѓу природата, луѓето и историјата.

Според решението на Националниот институт за заштита на спомениците на културата во 1967 година на локалитетот Карши Бавчи се прогласуваат две нови заштитени подрачја. Карпите кај Карши Бавчи и двата стари бора, кои се прогласени за Спомениците на природата. Денес, со промена на начините на валоризација и стандардизација на овој локалитет постои едно заштитено подрачје – вековните борови на Карши Бавчи како природна реткост. Станува збор за две стебла на бор во висина од 25 и 23 метри стари малку повеќе од шест века. Според градските легенди овие борови биле насадени околу 1354 година од Сасите, германско племе што во овој крај дошло да бара злато.

Заштитеното подрачје е дел од градскиот парк Карши Бавчи во Кратово, низ кој е поставена мала пешачка патека кој поминува низ паркот и води кон некогашната партизанската костурница и споменик на борците на НОБ од овој дел на Македонија. Во паркот постои и угостителски објект кој се наоѓа во непосредна близина на боровите стебла.

  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-1
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-2
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-3
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-4
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-5
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-6
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-7
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-1
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-2
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-3
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-4
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-5
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-6
  • Karsi-Bavci-zastiteno-podracje-vo-srceto-na-Kratovo-7

Освен малата метална плоча поставена на влезот на паркот, нема други патокози или табли кои упатуваат кон овој локалитет. Околу стеблата има многу смет и отпадоци, а едно од стебло е веќе во фаза на делумно сушење.

До сега, општината Кратово најавува планови само за уредување на паркот, но не и конкретни мерки за заштита на вековните стебла.

Карши Бавчи е уникатен локалитет зошто преставува заштитено подрачје во центар на една урбана средина. Но, на овој дел на Осоговските Планини има и многу други важни природни локалитети кои чекаат за внимание. Во согласност со Просторниот План на Република Македонија, на Осоговските Планини се евидентирани за заштита и неколку други локалитети како природни реткости: Дабот во с. Бели, Црна дудинка – Лесново и два природни резервати (Злетовска Река и Црвена Река).

Литература:

http://bregalnica-ncp.mk/wp-content/uploads/2016/07/04_Zashtiteni_podracja.pdf

http://www.northeastregion.gov.mk/userfiles/files/kratovolq.pdf

http://www.ceprosard.org.mk/IPARD/PDF/GI/9.Lista_na_Prirodni_zastiteni_zoni.pdf

http://195.26.131.244/Publikacii/SG2018/02-ZivotnaSr-Environment.pdf