Во срцето на историската Лакавичката област се наоѓа акумулација Мантово. Тоа е вештачка акумулација која се наоѓа на коритото на реката Крива Лакавица во границите на општината Конче. Езерото Мантово е изградено во 1978 година, со цел да задоволи неколку потреби. Езерото се користи за наводнување на земјоделските површини во Радовишко Поле, обезбедува вода за потребите на рудникот Бучим и обезбедува водоснабдување на Општина Конче. Освен технолошко-земјоделска фунција, замислено е да има и туристчко рекреативна улога во овој дел на Македонија.

Акумулацијата “Мантово” има долгнавеста форма и се протега во правец исток - запад. Од север се граничи со атарот на селото Долна Враштица, од исток со атарот на село Габревци, од југ со атарот на село Долни Радеш, додека од запад со атарот на село Гарван од каде и се наоѓа насипот на самата брана. Акумулацијата опфаќа површина од 350 ha., со различна длабочина која се движи од 1m. до 40m. По својот капацитет, езерото е втора најголема вештачка акумулација во Источна Македонија. Највисока точка од каде може да се набљудува целото езеро и околината е ридот Габровска Чука, за кој се претпостувува дека има и археолошка вредност според неколкуте наоди пронајдени на него. Во близина на ридот пак, се издигнуваат вертикални гранитни карпи со висина од 2 до 25 метри.

  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-1
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-2
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-3
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-4
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-5
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-6
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-1
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-2
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-3
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-4
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-5
  • Mantovo-nepoznatiot-biser-na-Lakavicko-6

Околу езерото постои добро поставена патна инсфраструктура, а преку активностите на општината Конче постојат патокази со кои лесно може да се ориентира низ просторот.

Главна туристичка атракција на бреговите на езерото претставува комплексот Влашки колиби дел од проектот: Урбано уредување и инсталирање урбана опрема на локација„Туристичка населба Мантово“. Комплесот кој е составен од летниковци, мали колиби за дневен престој, јавни скари и видиковец се наоѓа на локалниот пат Мантово – с. Габревци. За жал, денес поради големиот број на несовени посетители комплексот се наоѓа во лоша состојба, со многу од реквизитите и опремата оштетени или скршени. На Мантово постојат и трасирани патеки кои водат од комплексот Влашки колиби, преку манастирот св. Ѓорѓија се до Мантовската брана.

Според истражувањата на Институтот за сточарство од Скопје, на езерото Мантово не е возможно стопанско одгледување на риба, но претставува добра локација за рекреативен и спортски риболов преку целата година на цела површина на акумулацијата. Мантово преставува примамлива зона за сите рекреативни риболовци, а добра основа за развој на рекреативен риболовен туризам во општината.

Денес, езерото Мантово сепак е малку посетено од туристи и претставува пример за тоа дека и покрај добрите планови и инвестиции, развојот и заштитата на едно излетничко место треба постојано да се прати и одржува.

Литература:

https://lrcp.mk/lrcp-uploads/2019/05/Technical_Documentation_and_Drawings_Path_and_Urban_Equipment_MK_Konce.pdf

http://istoc.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2015/10/pdf_za_istoc/2016-23.%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE.pdf

https://www.igeografija.mk/Portal/?p=5436

http://kyustendil-konche-nature.eu/mk_MK/investment/mantovo/