Помеѓу селата Горно и Долно Караслари, покрај автопатот Е- 75 се наоѓа локалитетот Караслари, едно до најзначајните палеонтолошки наоѓалишта во Македонија. Овој локалитет за прв пат е откриен и истражен во 1973 година, кога за време на изградбата на автопатот Велес – Гевгелија се откриени големи количества на фосилни остатоци. Изградбата на овој автопат овозможила да се детерминираат многу нови и дотогаш непознати палеонтолошки наоѓалишта меѓу кои и Караслари.

На овој локалитет се откриени остатоци од Пикермиска фауна, односно видови на працицачи кои пред неколку милиони години доминирале во природата на овој дел на Европа. Според палеонтолошките податоци на овој простор се откриени остатоци од фосилни цицачи како: коњи, газели, жирафи, свињи, кучиња и др. Поради ова, овој локалитет се вбројува меѓу најпознатите наоѓалишта во светот од овој геолошки период. Во 1983 години, речиси десет години по откривањето на локалитетот, со одлука на општинското собрание на Велес овој палеонтолошки локалитет кај селото Караслари се прогласува за споменик на природата Површината на заштитениот простор изнесува 70 ха. Остатоците пронајдени тука, се наоѓаат во депото на НУ Природно – научен музеј во Скопје, а дел се од постојаната поставка на музејот.

  • Karaslari-najznacajnoto zaboraveno paleontolosko naogaliste vo Makedonija-5
  • Karaslari-najznacajnoto-zaboraveno-paleontolosko-naogaliste-vo-Makedonija-1
  • Karaslari-najznacajnoto-zaboraveno-paleontolosko-naogaliste-vo-Makedonija-2
  • Karaslari-najznacajnoto-zaboraveno-paleontolosko-naogaliste-vo-Makedonija-3
  • Karaslari-najznacajnoto-zaboraveno-paleontolosko-naogaliste-vo-Makedonija-4
  • Karaslari-najznacajnoto-zaboraveno-paleontolosko-naogaliste-vo-Makedonija-6
  • Karaslari-najznacajnoto-zaboraveno-paleontolosko-naogaliste-vo-Makedonija-7

Првичните ископувања биле и последното посериозно истражување на овој локалитет. Централното подрачје на овој локалитет денес се наоѓа на само неколку метри од автопатот, а низ него минува далноводна електрична мрежа. Локалитетот не е уреден и не е означен, а до него тешко се пристига, преку земјен пат кои води низ нивите и лозјата на жителите од Долно Караслари. На терен може да се забележат само некои мали остатоци од некогашните ископувања. Моментално овој локалитет се наоѓа на Листата на издвоени локалитети на значајно геонаследство од сферата на геологијата што треба да се земат предвид при изработка на новиот Просторен план на Република Македонија.

Извори:

http://www.ceprosard.org.mk/Ipard/PDF/302/Prilog_7_Lista_na_Prirodni_zastiteni_zoni_i_pregled_na_postojnite_akti_so_koi_se_ureduvaat_zastitenite_oblasti_i_predmeti.pdf

http://www.mjee.org.mk/pdf/Vol%201,%20issue%201-2,%201993/Zikov%20&%20Anastasovski.pdf

http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf