Во климатологијата, пролетта е сезона во годината помеѓу зимата и летото, односно период во кој температурите почнуваат да растат. Временска сезона е една од четирите поделби на годината во зависност од годишните промени на времето, а годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на рамнината на ротација околу Сонцето. Сите четири сезони: пролет, лето, есен и зима се четирите годишни времиња кои започнуваа со зимскиот солстициј односно најкраткиот ден во годината на 21 декември.

Промената на температурата од ладната зима кон топлото лето може реално да се почувствува само во регионите во близина на екваторот. За разлика од нив, половите како и регионите на самиот екватор имаа релативно стабилна температура во текот на целата година.

Во природата не постои една - туку три пролет: астрономска, календарска, еколошка и метеоролошка. A со тоа постојат и различни датуми кои се прогласуваат за почеток на пролетта.

Астрономски, пролетта започнува помеѓу 19 и 21 март со пролетната рамнодневица. Тоа е астрономски процес во кој кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.

Календарската или административната пролет е културолошки одреден календарски датум на започнување на пролетта кои се користи поради административни и организациски причини.

Метеоролошка пролет се смета периодот во кој просечните дневни температурите почнуваат значително да се зголемуваат. Според некои метеоролошки истражување, пролетта започнува како во седум дена во континуитет, најниската дневна температура ќе е над 0 целзусови степени. Секако ова секогаш не мора да е правило, особено со климатските промени и нетипичните топли зими.

Еколошката пролет е кога биолошките индикатори упатуваат кон тоа дека животните и растенијата повторно се активираат по зимскиот период на мирување. Тоа се забележува со никнување на првите пролетни растенија, активирање на почвените бактерии и габи, како и појавата на инсектите.

На глобално ниво месеците март, април, мај и јуни не секаде имаат иста појава. Додека во северната хемисфера во март започнува пролетта и се карактеризира со потопло време, тоа за регионите во јужната хемисфера значи започнување на есента поради различната поставеност на Земјата во однос на сонцето.

Поради популарната култура и традицијата, меѓународно се смета дека пролетниот период е всушност доаѓањето на пролетта во северната хемисфера по пролетната рамнодневица помеѓу 20 и 21 март.

Оваа година официјално пролета започнува во среда на 20 март, а завршува на 21 јуни. Пролета ќе трае 93 дена.