Скопското Кале е најстариот симбол на Град Скопје и заедно со Камениот Мост се најпознатите белези на градот и неговата историја. Калето како доминантна точка надвиснува на градот во неговото централно подрачје. Освен што е познато како еден од највредните споменици на култура во Скопје, Кале е и заштитено природно подрачје.

На пролет може да се доживее целиот колорит на Шар Планина. Таа се протега на 80 километри и е широка до 20 километри и претставува гигантски импресивен и невообичаен масив.

На југот на Македонија, на крајот на Тиквешијата се наоѓа Демиркаписката Клисура, која претставува една од најинтересните природни реткости на Балканот. Демиркаписка Клисура е најмаркантната клисура на реката Вардар. Таа започнува од утоката на реката Бошава и се протега до селото Удово во должина од 19,5 km. Клисурата е всечена меѓу разграноците на Конечка и Градешка Планина на исток и разграноците на Кожуф, односно Маријанска Планина на запад. Нејзините страни се високи 500-600m и на некои места доста стрмни, особено во почетниот дел кај Демир Капија, каде што се речиси вертикални. По дното на клисурата има големи напласти на алувијален нанос од реката Вардар и од локалните притоки. Затоа има појава и на неколку мали речни острови, од кои најголем е Демиркапискиот Остров. Почетниот дел од клисурата е краткиот, но типичен кањон на Иберлиска Река (лева притока на Вардар), со вертикални варовнички страни длабоки 250-300 m.

Појавата на кактуси во Демиркаписката клисура е пример за популација со алохтони видови.

Во Македонија не постои државен катастар на пештери и не се знае точниот број на истражени пештери.

Во рамки на најголемиот од трите национални паркови, Националниот парк Маврово, се наоѓа селото Жировница, сместено во прегратките на планината Дешат и Кораб и под будно око на планината Бистра. Селото Жировница воедно е и најсеверното село во областа Долна Река (41°40′27″N 20°35′8″E ) и се наоѓа на надморска височина од 912 метри. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.608 жители (Македонци, Албанци, Бошњаци и др.).

Реките се едни од најзагрозените екосистеми во Европа. Во Македонија сѐ уште постојат диви реки, но полека ги губиме. Во април ги прашавме граѓаните дали би подржале проекти за целосно чистење на реките и речните корита во државата. Дури 98% од испитаниците одговорија дека се согласуваат со ваквиот предлог, а само 1% не се согласуваат или немаат став. Во меѓувреме, македонските реки се под постојан притисок од комунални и индустриски води, цврст отпад и други хемиски супстанци кои тешко се разградуваат и се таложат во водниот свет, а интензивното градење на малите хидроелектрани, пак, целосно го уништуваат животот и течението на реките.

Во мртвите стебла гнездат голем број на птици и лилјаци, а мравките и пчелите прават колонии. Додека некои габи исклучиво растат на вакви стебла.

Најголемите реки во Македонија имаат висок индекс на загаденост.

Европската блатна желка и балканската блатна желка се единствените водни желки во Македонија.

Државата цела деценија не издвоила пари за истражувачки проекти на Хидробиолошкиот завод во Охрид. На само 13 доктори биолози и двајца асистенти им е оставено да го проучуваат водниот и растителниот свет во сите езера во земјава, но и да алармираат за болести и нарушувања на флората и фауната кои незизбежно се случуваат во налетот на климатските промени и загадувањето на животната средина. Финансирањето на истражувањата најчесто е од странски донации.

Мегалитската опсерваторија Кокино беше откриена во 2001 година, а во 2005 година прогласена од американската вселенска агенција НАСА за една најстарите на светот.

На самиот влив на реката Пчиња во Вардар се наоѓа Кожле, локалитет со исклучително биолошко значење. Кожле се наоѓа во близината на селото Кожле, лоцирано во областа Блатија близу автопатот Е- 75. До селото се доаѓа преку тесен локален пат кој води од Катланово. Селото е речиси иселено.

На само неколку километри од центарот на Скопје се наоѓа еден од најзначајните спелеолошки објекти пештерата Долна Дука, која и покрај својата вредност останува незаштитена. Пештерата се наоѓа на источните падини на планината Жеден на 450 м.н.в., во близина на селото Рашче, а но неа води оштетен макадамски пат на кој нема знаци и насоки.  До пештерата може да се стигне и преку неколку козји и пешачки патеки.  Пештерата  Дона  Дука  е првата  истражувана  пештера на територијата на Република Македонија, а првичните сознанија за оваа пештера го означуваат и почеток на спелеолошките истражувања  во  Македонија. Дона  Дука  со  вкупна должина (должина на сите пештерски канали) од 650м е четврта по големина во Македонија.

Во Македонија често природните и културните богатства се испреплетуваат и формираат чуден мозаик на релјефи и региони. Типичен пример за тоа е локалитетот Маркови Кули - една од наjуникатните точки на мапата на Македонија. Марковите Кули се значајни поради своите природни и геолошки вредности, но и поради богатото историско минато.

Претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата вчера биле во општина Сарај за да добијат одговори од градоначалникот Блерим Беџети зошто не се постапува по дивопоставените платформи на кањонот Матка и да испитаат дали има незаконско работење и елементи на корупција.

Повеќе од 200 школки и десетици сомови од пресушените езерца во Градскиот парк во Скопје беа спасени благодарејќи на двајца граѓански активисти. Тие со денови ги хранеа и чуваа во своите домови додека градските власти ги чистеа коритата со тешка механизација.

„Ќе одговориме на барањата за легализација на дивоизградените платформи на кањонот Матка со одбивање, но таа постапка мора да ја завршиме законски. Ова е одговорот на градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, за тоа дали и кога ќе ги урне спорните платформи за кои и самиот тој неколкупати истакна дека се дивоградби.

Во климатологијата, пролетта е сезона во годината помеѓу зимата и летото, односно период во кој температурите почнуваат да растат. Временска сезона е една од четирите поделби на годината во зависност од годишните промени на времето, а годишните времиња се предизвикани од закосувањето на Земјината оска во однос на рамнината на ротација околу Сонцето. Сите четири сезони: пролет, лето, есен и зима се четирите годишни времиња кои започнуваа со зимскиот солстициј односно најкраткиот ден во годината на 21 декември.

Катлановскиот предел е едно од најзначајните заштитени подрачја кои се наоѓаат во близина на Скопје. Со Секторската студија за заштита на природното наследство (1999) изготвена за потребите на Просторниот План на РМ (2004), овој предел е евидентиран како заштитено подрачје од III категорија, односно претставува споменик на природата. На меѓународно ниво Катлановскиот предел е идентификуван како значајно растително станиште (2004).

Се прави ли обид да се легализираат дивоизградените  платформи во заштитеното подрачје Кањон Матка е прашање кое заслужува посебно внимание откако надлежните институции кренаа раце од овој случај со образложение дека станува збор за објекти за кои е поднесено барање за легализација согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Планинарските домови Папрадиште и Чеплес во велешко не би функционирале без пожртвуваноста на ентузијастите и вљубениците во планината, а незаинтересираноста на локалната и централната власт за инвестирање и развој на ваквите капацитети најдобро го илустрира жалната слика што нашата екипа ја затекна во планинарскиот дом Бреза, кој некогаш беше главно викенд-прибежиште за велешани, а денес е претворен во руина.

Најзастапени безретници се мувите, па пајаците и тврдокрилците. Најголем број на видови се наоѓаат во домашната прашина, под креветите, во аглите од собите и во душеците.

Сува и топла клима, пространи пасишта и ниска вегетација, а на ретките езерца и потоци жедта ја гаснат жирафи и хипариони, додека во хоризонтот се забележува стадо мастодони. На дрвјата се слушаат повици од мајмуните. Вистинска савана. Вака некогаш изгледала територијата на Македонија за време на миоценот пред околу 5.3 милиони години.

Македонската територија има значајни геолошки локалитети кои датираат од пред милиони години и се сметаат за единствени во светот. Бидејќи се специфични, тие можат да бидат атрактивни за бројни домашни и странски посетители. Геолошкиот диверзитет е тесно побрзан и со биолошката разновидност, па преку заштитата на релјефот влијаеме и врз заштита на живиот свет. Во февруари ги прашавме граѓаните колку се запознаени со геолошкото богатства на Македонија. Повеќе од една третина (40%) од испитаниците одговориле дека се запознаени, а речиси исто толку односно 44% одговориле дека не се запознаени со геолошкото богатство на државата. Во Македонија постојат уште многу места кои треба да се истражат и да се промовираат.

Меловите над пехчевското село Црник имаат посебна вредност поради својата реткост и репрезентативност. Геотуризмот е можност за развој на источниот регион, ако се нуди заедно со планинарењето, планинскиот велосипедизам, сафари со џипови и други видови разгледувања на природата.

Палеонтолошкиот локалитет Стамер не е обележан и никаде не е назначена неговата важност. Тој е загрозен и од геолошките истражувања за резерви на јаглен.

На околу 850 метри надморска височина, сместен како во дупка во шумата се појавува импозантен отсек длабок шеесетина метри, со карактеристични форми на камени фигури.

Повеќе од две недели ниту една институција во државава не успеа да лоцира одговорност за поставувањето на дивоградби во Кањонот Матка, заштитено подрачје, Споменик на природата.  Под притисок на јавноста, надлежните го прекинаа институционалниот молк и одржаа состаноци, испратија барања и известувања, сепак се прогласија за ненадлежни и одговорноста ја префрлија во друга институција.

Тешки последици по екосистемот на Охридското Езеро предизвикува намерното опожарување на трската која е природен биофилтер на езерото и дом за голем број животни. Оваа појава речиси секоја година се случува неколку месеци пред почетокот на летната сезона и на тој начин се расчистува теренот за различни цели.

Дивопоставената метална платформа на Матка веќе е покриена со дрвени даски, а фирмата која изнајмува чамци за туристичка прошетка најавува дека налето ќе има кафуле. Инспекторите на Градот Скопје, под чија управа е кањонот, утврдиле дека инсталацијата е дивоградба и и дале насоки на општината Сарај да ја сруши оти таа е надлежна за тоа. Од сите консултирани институции, најнетранспаретна е општината Сарај која остана должна да одговори дали и кој дозволил да се гради на заштитеното подрачје кое потекнува од леденото доба.

Урбаното зеленило во Скопје веќе една декада драстично се намалува, како последица на зголемената и нерегулирана урбанизација. Зелените површини се заменија со станбени и бизнис објекти, а скопјани се ограничени на само неколку локации каде може да се рекреираат и да уживаат во природата. Урбаната шума Гази Баба е еден од последните зелени острови во градот која најмногу поради својата локација сè уште не станала жртва на претераната урбанизација.

Офидиофобија е страв од змии и други видови рептили. Се смета дека ова е еволутивно најстара фобија на цицачите која се развила со цел да се заштитат од опасност.

Во Македонија постојат 3 национални парка и 67 подрачја кои се прогласени за споменици на природата.

Бранко Прља

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

Со популаризацијата на престојот во природата и рекреација на отворено, рибниците во Македонија станаа привлечни места за домашните и странските посетители. Мали рибници, уредени со ресторан и објекти за рекреација се` почесто може да се сретнат низ македонските водотеци. Дел од нив преставуваат исклучиво сточарско-индустриски објекти наменети за одгледување на моно или поликултури на риби, но повеќето се користат за привлекување туристи.

Природно-научниот музеј во Струга 20 години бара нова зграда. Објектот кој е единствениот презентер на природното наследство на регионот на Охридското Езеро, не е реновиран откако е изграден пред 90 години.

Природно-научните музеи страдаат од недостаток на ресурси. Немаат доволно пари за одржување на големите збирки и бројот на обучени професионалци се намалува.

На територијата на Македонија идентификувани се 24 подрачја кои се значајни за животот на птиците. Заштитата на овие подрачја ќе значи и заштита на птиците.

Иако звучи неверојатно, но во Македонија има околу 200 езера. Од нив 70 се поголеми или помали природни езера и околу 120 се вештачки акумулации и резервоари за вода. Сепак најголеми се тектонските езера: Oхридско, Преспанско и Дојранско.

Областа Мариово зафаќа вкупна површина од 1038 км² или 4% од вкупната територија на Република Македонија со надморска височина која се движи помеѓу 700 и 2362 метри, или во просек некаде околу 1090 метри. Мариово го зафаќа средното течение и сливно подрачје на реката Црна и од сите страни е заградено со пространи планински масиви, како: Ниџе и Кожуф на југ, Селечка Планина на запад, Дрен Планина на север и Козјак со огранките на Кожуф од исток со што претставува своевидна посебна и специфична природна целина. Според релјефните одлики Мариово опкружено со планини може да се смета за котлина, но поради внатрешната разместеност на релјефните облици тоа претставува висорамнина.

Плетвар е планински превој на надморска височина од 994 метри, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ја поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата.

Седум децении откако е прогласен за национален парк, битолски „Пелистер“ се соочува со проблеми кои се актуелизираат само во предизборие: планинарскиот дом „Копанки“ не е обновен по пожарот од 2013 г., ендемската молика се сечеше поради болест, а недоволно се користи потенцијалот за скијачки и планински туризам.

Прилепското Езеро е вештачка акумулација, лоцирана на местото викано Гладно Поле, во прилепската област Присад, на  4 km североисточно од градот. Езерото е изградено на Оревоечка Река, а  се храни и со малите водотеци: Пештерска и Стара Река, како и водите кои доаѓаат од атарот на село Крстец. Изградено е во 1967 год. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода. Тоа зафаќа површина од 0,54 km². Долго е 1,4 km, а широко 400 до 600 m. Најголема длабочина му е 28 m. Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 m3 вода.  Под езерото се наоѓа потопеното село Пештерица.

Езенската покривка помага во одржување на почвениот биодиверзитет. Сите инсекти, полжави, црви и габи ја збогатуваат и прочистуваат почвата.

Скочивирската клисура, сместа во јужно-централниот дел на Македонија со својата вкупна должина од околу 80-тина километри претставува најдолга клисура во Македонија.

Девствените шуми, како оние во Малешевијата, се многу ретки во Македонија и пошироко. Затоа се од посебно значење, особено во време кога се уништуваат се` повеќе шуми. Сепак, во Македонија нема заштитени шуми.

Кожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција. Највисок врв на Кожуф е врвот Зеленбрег висок 2.171 метар. Кожуф е познат по своите природни вредности. Во неговите падини се наоѓа античкиот рудник Алшар каде се наоѓаат минерални богатства од лорандит - минерал за кого се поврзуваат многу квази-научни тврдења. Кожуф и околината е и еден од неколкуте локалитети каде може да се сретне дрвото гол човек (Arbutus andrachne) како и познатите кожуфски боровинки.

Пештерата Бела Вода се наоѓа од десната страна на реката Вардар на само неколку стотици метри низ водно од Демир Капија, односно околу 300 метри по стариот тунел и пат за Гевгелија, веднаш под карпите кај патот. Влезот во пештерата многу тешко се воочува бидејќи е речиси хоризонтален. Всушност самиот влез таков како што е денес, не е природен туку е ископан два метра вертикално во земјишен насип на кој е изграден стариот пат и железничката пруга.

Зелените површини низ поголемите градови во Македонија постојано се намалуваат. Во октомври ги прашавме граѓаните колку се задоволни со урбаното зеленило во нивните градски средини. Дознавме дека речиси 90% од испитаниците не се задоволни со зеленилото во нивната средина, a само 7% се задоволни, додека 3% се изјасниле дека немаат став за темата.

Македонија е еден од регионалниоте центри за биодиверзиет. Само во регионот околу Охридското Езеро се евидентирани околу 100 ендемични видови на инсекти.

Колешинските Водопади се наоѓаат на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 метри. Се вбројуваат меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 метри и со широчина на падот од околу 6 м. Според настанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Над Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив. Водопадите се наоѓаат во близина на с. Колешино, на 19 км од Струмица.

Како компензација за трасата на гасоводот на Водно, Градот Скопје добива средства за ревитализација на просторот кадешто ќе поминува гасоводот, по еден милион евра за пошумување на Скопска Црна Гора и за градското зеленило и зелени коридори на реките Лепенец и Серава. Во интервјуто за СамоПрашај.мк, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најавува дека Водно и Матка ќе добијат законска заштита, ќе бидат засадени нови 8 илјади дрвја и ќе биде направен зелен покрив на ГТЦ.

На само  25 км од центарот на Скопје, покрај автопатот Е 75 се наоѓа Катлановскиот предел. Под Катлановски предел се подразбира долното течение на Пчиња, Бадарската Клисура, Катлановскиот Рид и Катлановската Бања. По своите хидролошки особини Пчиња е река која со себе носи голема количина на песочен материјал и често ги поплавува бреговите во долниот тек во Катланово. Поради тоа луѓето овде со години црпат песок. Старите песочни сепарации, сега наполнети со вода претставуваат центар на локалниот биодиверзитет каде живеат голем број риби, водоземци, влечуги, птици и инсекти.

Градското зеленило го прочистува воздухот и ја апсорбира прашината и штетните гасови за 30 до 40 отсто.

За секој скопјанец има помалку од 10 метри квадратни зеленило, што е далеку од европскиот просек од 25 метри квадратни зеленило по жител, колку што е потребно за здраво и хумано живеење.

Најголемиот дел од трите илјади садници од проектот „За зелена Битола“ се исушени или искорнати. Екологистите негодуваат за негрижата за градското зеленило и порачуваат дека зелените простори ќе помогнат за решавањето на најголемиот еколошки проблем на Битола - загадениот воздух.

Градскиот парк во Скопје има насади стари и повеќе од 100 години, а во него гнездат или мигрираат преку 90 видови птици.

Тенките високи стебла со изразито широки листови во форма на срце и големите розови цветови ја прават пауловнијата многу популарно украсно растение во западноевропската хортикултура. Постојат седум видови на ова азиско растение и речиси сите се користат за украсување на паркови, ботанички градини и зоолошки насекаде низ Европа.

Бреговите на вештачкото езеро Паљурци се живеалиште на повеќе видови чапји и корморани. Акумулациите како оваа имаат големо значење за зачувување на биодиверзитетот бидејќи во нив живеат голем број водоземци, влекачи и водни инсекти, а се извор на храна и на водните птици.

Локалитетот Ѓол во гевгелиското поле е прибежиште за водните птици и птиците преселници, кои овде живеат, гнездат или престојуваат за време на нивната миграција. Ѓол е збор со турско потекло кој означува влажна ливада, па и овој локалитет, на ниска надморска височина од околу 45 метри, во зимските и пролетните периоди се наоѓа под големо количество вода. Ова создало одлични услови за мочуришна и блатна вегетација и живот на голем број водоземци, влечуги и водни инсекти.

Рекреативното езеро Треска близу скопското село Сарај пропаѓа со децении. Монтажните градби се распаднати, бетонските плочи испукани, а наоколу има расфрлан смет и изгорени површини од логорски оган. Во еден од разрушените објекти се чува слама за добиток, а низ комплексот пасат крави.

Кањонот Матка е еден од најрепрезентативните природни локалитети во Македонија, кој се наоѓа на 15 километри југозападно од Скопје. На површина од околу 5.000 хeктари, кањонот претставува мозаик од различни геолошки и биолошки вредности. Матка е резерват на голем број реликтни и ендемични растенија и животни. Од вкупно 1000 растенија, околу 200 се ендемити или реликти. Но поради големиот притисок од посетителите и негрижата од управувачот на кањонот – Град Скопје, Матка ја губи природната вредност.

На врвот на Водно им пркосат на багерите, а долу во име на сите Скопјани ја бијат институционалната битка „Не низ Водно“. Само прашај ги праша трите активистки Жаклина Мијалковиќ-Анастасова (машински инженер), Мира Беќар (доцент на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“) и Татјана Стојановска (машински инженер), дел од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ од каде ја црпат истрајноста и мотивираноста со месеци неуморно да ги изложуваат аргументите зошто трасата за изградба на гасоводот не смее да минува низ Водно.

Заради геолошките и природните специфики на Лесново, постои иницијатива оваа област да се прогласи за заштитено подрачје од УНЕСКО. Од Центарот за развој на Источниот плански регион, кој е еден од иницијаторите, велат дека ако геолошкото наследство се заштити, а природните ресурси се користат на одржлив начин, тоа ќе ја подобри економската благосостојба на жителите.

Малкумина знаат дека Македонија има полупустина. Орлово Брдо е дел од неа и е заштитетно подрачје за да се зачуваат специфичните растителни видови. Меѓутоа, општината Неготино, која треба да управува со локалитетот, нема ниту план за менаџирање, ни пари да го заштитува.

Смоларски водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Водопадот  е оддалечен 28 километри од градот Струмица.

Високо издигнат над градот Струмица и Струмичката котлина се наоѓа локалитетот Чам Чифлик.  Првично со решение на Националниот институт за заштита на спомениците на културата, шумата од црн бор во локалитетот Чам Чифлик е прогласена за специјален резерват. Сега локалитетот се наоѓа во категоријата Парк на природата заедно со локалитети како Катлановски предел и Езерани.

Заштитата на Моноспитовско Блато како неопходна мерка и обид да се стопира загубата на биодиверзитетот била разгледувана и усвоена уште во осумдесеттите години од минатиот век. По повеќегодишни истражувања на вегетацијата во Моноспитовско Блато од страна на домашни и странски истражувачи, утврдени се вредни флористички елементи со извонредно научно значење. Врз основа на тоа, Републичкиот завод за заштита на природните реткости во 1986 година предлага Моноспитовското Блато да се заштити во категоријата Споменик на природата.

Во Македонија постојат три природни езера, неколку пештерски и леднички езера и околу 20 тина вештачки езера и акумулации. Овие водни системи, најчесто создавани во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, се користеле како резервоари за наводнување, регулирање на водните текови на реките, но и за рекреација.

Габровските Водопади се наоѓаат веднаш над с. Габрово, на падините на Беласица. Тие се најмали од трите беласички водопади, Смоларски и Колешински. До Габровските Водопади води нов локален пат во правец кон с. Габрово. Водопадите се сместени на крајот на од селото од горната страна. Пред нив, се наоѓа мал уреден паркинг од кои продолжува и шумска уредена поплочена патека. Во околината се наоѓат клупи и мали летниковци. Коритото на водопадите е уредено со бетонски парапет, а дел од водата во бетонски канал се упатува кон селото. Сето ова целосно ја нарушува природноста на локалитетот. Освен тоа околу клупите и летниковците се наоѓа големо количество на отпад, а тој може да се сретне и во водата на водопадите.

Кирил Пржо

Поради малиот проток на вода во реката Вардар, за разлика од Дунав, каналот Дунав-Морава-Вардар-Егеј е неизводлив во Македонија, а инвестициите, кои според проценките ќе изнесуваат од 8 до 17 милијарди долари, ја доведуваат во прашање неговата исплатливост.

Кирил Пржо Арсовски

Во последните години се соочуваме со се` поголемо уништување на македонските шуми; огромни површини на шуми се уништени од нелегална сеча или шумски пожари. Во историски период во кој секое дрво прави разлика во глобалните климатски промени, Македонија се` уште гледа на шумите како на ресурс кој чека да биде исцрпен.

Кирил Пржо

Градскиот парк во Скопје како и сите останати урбани паркови во државата мора да ја задржат својата основна функција и причина поради кои се посетуваат, а тоа е простор за мир, релаксација и рекреација.

Кирил Пржо

Територијата и популацијата на балканскиот рис во Македонија се намалуваат, иако тој е под целосна законска заштита, а единствената област за негова репродукција е Маврово.

Кирил Пржо

Во Македонија постои сериозен системски проблем за контрола на движење во природата, па со тоа најголемата одговорност за безбедноста на околината паѓа на совеста на рекреативците и посетителите. Посетата е делумно регулирана во националните паркови, а за сите останати подрачја не постои една општа служба што би се грижела за состојбата и управувањето директно на терен.

Кирил Пржо

Лошото управување со заштитените подрачја може негативно да се одрази врз економијата, бидејќи се зголемува можноста за природни катастрофи, а со тоа и можноста за отстапување големи финансиски средства во име на отштета, репарација и осигурување. И покрај тоа, примерите за системско уништување на заштитените подрачја се се` почести.

Кирил Пржо и Магдалена Петкова

Состојбата на националниот парк „Галичица“ е прашање од национално значење. Најавите за изградба на големите проекти директно го загрозува статусот на поголемиот дел на подрачјето што се наоѓа под различна заштита.

Магдалена Петкова и Кирил Пржо

Охрид во изминатиот период беше посочен како подрачје под голема закана, наречен европски Галапагос од неколку светски медиуми. Зарем светот треба да не убедува за значењето што го поседува Охридското Езеро?

Кирил Пржо

Во населбите кадешто има паркови или парк-шуми загаденоста на воздухот е за два до три пати помала од другите делови на градот.